Минесота убедливо со 119-135 славеше на гостувањето против Чикаго во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.
Израмнет дуел беше се до последната четвртина кога Минесота предводена од Ентони Едвардс го прегази противникот, завршувајќи со 33 поени, осум скока и шест асистенции.
Кај Минесота се истакнаа и Џулиус Рендл со 22 поени и 10 скока, Руди Гоберт со 21 поен и девет скока и Џејден МекДаниелс со 19 поени.
Милвоки триумфираше против Јута со 123-100, воден од Лилард и Јанис Антетукумбо. Лилард постигна 34 поени, со седум асистенции, а Јанис постигна 31 поен и имаше и 16 скока.
На спротивната страна најефикасен беше Џордан Кларксон со само 18 поени, четири скока и две асистенции.
Сан Антонио славеа против Портланд со 118-105, со дури осум кошаркари на Сан Антонио кои имаа двоцифрен ефект.
Брилјираа Бранхам и Џонсон со по 17 поени, а ги следеа Кесл, Шампањ и Колинс со по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА