Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар е хоспитализиран во болница во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите на медиумите од Хрватска, Ван дер Сар поради силни главоболки и одредени невролошки пореметувања со хеликоптер од Хвар бил префрлен на Одделот за неврологија во КБЦ во Сплит.
Медиумите пишуваат дека тој е во стабилна состојб, но ќе биде подложен на дијагностичка обработка за да се утврди што го предизвикало проблемот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

