Кошаркарите на Анадолу Ефес скапо го платија убедливиот триумф против Армани со резултат 110-66 во 23. коло од Евролигата.
На тој меч се повредија Шејн Ларкин и Винсент Поарие, па мораа да го пропуштат натпреварот против Јаловаспор во турската лига, а под знак прашалник е и нивниот настап во Пиреја против лидерот во елитното натпреварување Олимпијакос. Ларкин го повреди лактот, а Поарие коленото.
Шејн Ларкин веќе пропушти 10 натпревари во Евролигата оваа сезона, откако го повреди зглобот на десната рака во петтото коло, исто така на натпреварот против Армани.
Европскиот шампион од 2021 и 2022 година моментално се наоѓа на 12. место во поредокот со скор 11-12 и се соочува со исклучително тежок распоред во следните три кола од Евролигата, бидејќи по мечот со Олимпијакос, му следат дуели против Реал Мадрид и Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

