Анадолу Ефес забележа нова победа во Евролигата, овојпат на „жешкиот“ терен во Каунас против Жалгирис со резултат 68-74. За разлика од претходните средби на кои турскиот тим доминираше со атомски напад, овојпат Ефес триумфираше благодарејќи на гранитната одбрана во второто полувреме, во кое Жалгирис постигна само 25 поени за 20 минути игра. Плајс и Мициќ постигнаа по 18, а Бобуа 16 поени за актуелниот европски вицепрвак, за кого ова беше 15. победа во низа во сите натпреварувања.
За разлика од Анадолу Ефес, градскиот ривал Фенербахче продолжува да тоне откако вечерва претрпе нов пораз, на гостувањето против Панатинаикос со резултат 81-78. Поради казната на ПАО мечот се играше пред празни трибини, но домашните кошаркари дури и во таква атмосфера доминираа и стигнаа до победата.
Реал Мадрид се врати од „минус девет“ по првото полувреме и со пресврт во вториот дел го совлада тимот на Милано со 76-67. Рендолф со 16 поени беше најефикасен во таборот на „кралевите“, еден помалку од него постигна Џордан Мики.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА