Ефес е незапирлив, ја реши и ЦСКА Москва

Анадолу Ефес ја продолжи неверојатната серија во Евролигата, откако славеше на гостувањето против ЦСКА Москва со 80-82, прекинувајќи ја серијата од десет порази од актуелниот првак на Европа. По победите над Барса и Реал, Ефес денеска го зеде и скалпот на рускиот гигант, потврдувајќи ги амбициите конечно да се искачи на врвот на кошаркарска Европа,

Турскиот тим на најдобар начин се одмазди за минималниот пораз претрпен на домашен терен (80-81) во првиот дел од сезоната, во неизвесна завршница кршејќи го отпорот на рускиот гигант. Бобуа ја постигна клучната тројка на една минута до крајот, ЦСКА успеа да се врати, но не и да направи пресврт. На крајот, одговорноста ја презеде Ларкин, кој го погоди клучниот шут, на спротивната страна Мајк Џејмс не беше прецизен во обидот за израмнување, па Турците се израдуваа на големата победа.

Ларкин уште еднаш ја потврди извонредната форма постигнувајќи 23 поени, Мициќ го заврши мечот со 19 поени и пет асистенции, додека прв стрелец на ЦСКА беше Мајк Џејмс со 20 поени, но и шест загубени топки.

Се вчитува...