Откако пропадна можноста да седне на клупата на Партизан, Пабло Ласо е на пат кон Истанбул, каде треба да го преземе тимот на Анадолу Ефес. Според пишувањата на „Basketfaul“, искусниот Шпанец договорил едногодишна соработка со турскиот клуб, а таа би требало да стапи на сила по мечот со Валенсија во Евролигата.
Двократниот освојувач на Евролигата остана без тренер, откако Игор Кокошков беше отпуштен по серијата на слаби резултати, а Ласо се споменуваше како негов сериозен наследник.
Како што се наведува, Ласо во живо ќе го следи гостувањето на Ефес во Валенсија, а после тоа заедно со екипата би требало да се врати во Истанбул каде што ќе ги одработи сите формалности околу потпишувањето на договорот.
Договорот ќе предвидува истиот да може да биде раскинат на крајот на сезоната, ако раководството на клубот не биде задоволно, во спротивно Ефес би требало да се задржи во Истанбул до летото 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

