Ефес го потпиша најдобриот дефанзивец во Евролигата

Анадолу Ефес заврши уште една одлична работа на кошаркарскиот пазар откако денеска го официјализираше трансферот на Ник Вајлер Баб, одличниот плејмејкер кој доаѓа од редовите на Баерн Минхен.

Зад 30-годишниот Американец е одлична сезона во која блескаше во дресот на баварскиот гигант во Евролигата, поради што беше избран и за најдобар дефанзивец во елитното европско натпреварување. Вајлер Баб, кој настапува за репрезентацијата на Германија, имаше понуди од неколку евролигаши, но на крајот се реши да му се приклучи на тимот на Игор Кокошков во Турција.

Вајлер Баб доаѓа во Ефес на местото на Дариус Томпсон, кој минатата седмица го раскина договорот со турскиот клуб и се наоѓа пред потпис со новиот евролигаш Валенсија.

Тој е вториот бек што си замина од Баерн Минхен во изминатите неколку дена откако и Карсен Едвардс реши да го напушти баварскиот гигант и потпиша договор со Виртус Болоња.

Се вчитува...