Ефес го совлада Олимпијакос во свечената вечер на Круно Симон

Андолу Ефес стигна до четвртата победа во низа во Евролигата откако во дербито на 11. коло против Олимпијакос славеше на домашен терен со 82-71. Избраниците на Атаман имаа лош почеток на мечот и негатива од 10-0, но како што одминуваа минутите успеаја да го најдат решението за противникот, да се вратат во мечот, а во второто полувреме и да ја превземат предноста и да стигнат до победа.

Натпреварот го одбележа и повлекувањето на дресот со број „44“ во чест на хрватскиот интернационалец Крунослав Симон и сега тој стои на врвот на салата покрај „седмицата“ на Петар Наумовски.

 

Се вчитува...