Актуелниот шампион на Европа, Анадолу Ефес стигна до третата победа во Евролигата откако на гостувањето против Алба славеше со убедливи 63-90.
Предводник на турскиот состав беше Мициќ со 19 поени и 9 асистенции, а него го следеше Симон со 18 поени и 4 скока. Кај домаќините Да Силва запиша 13 поени и 2 скока.
Руски Уникс им се врати на победите откако славеше на гостувањето во Атина против Панатинаикос со 72-74. Херојот на гостите беше Лоренцо Браун кој на 19 секунди пред крајот на мечот ги постигна поените вредни победа.
Макон со 14 поени и Папајанис со 14 поени и 17 скока беа предводници на домашниот тим, додека прво име кај гостите беше Кенан со 15 поени и 5 скока, 15 поени запиша и Воронсевич.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА