Анадолу Ефес поведе со 2-1 во четвртфиналната серија со Барселона откако турскиот тим среде каталонската престолнина го декласираше големиот ривал со убедливи 68-102. Ефес имаше „плус 13“ на крајот од првото полувреме, Барса дојде на само пет поени разлика, но потоа работите во свои раце ги презеде Ларкин, кој ја предводеше новата серија на турскиот тим со која беше забележаната многу значајна победа во обид да се стигне до место на фајналфор турнирот што годинава ќе се одржи во Виторија.
Ларкин беше незапирлив постигнувајќи 30 поени (6/7 за тројка), Мициќ и Плајс постигнаа по 14 поени за Ефес, а најдобар стрелец на Барселона при вечерашниот пораз беше Ханга со 13 постигнати поени.
ЦСКА Москва веднаш му се реваншираше на тимот на Басконија за неочекуваниот пораз на домашен терен, па рускиот гигант вечерва славеше во Виторија со 77-84. Избраниците на Итудис почнаа фуриозно постигнувајќи 28 поени во првата четртина (18-28), Басконија успеа да се врати, но квалитетот на ЦСКА се виде на дело во самата завршница, кога овој тим успеа да го приведе мечот до крај и да дојде до значаен триумф.
Нандо де Коло одигра фантастичен натпревар со 28 поени, додека кај Басконија најрасположен за игра беше Поарие со дабл-дабл од 19 поеени и 15 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА