Исак Бонга беше еден од најстандардните во тимот на Партизан изминатата сезона, германскиот репрезентативец има уште една година од актуелниот договор, а „црно-белите“ прават се што можат за да го задржат во своите редови.
Интересот од Анадолу Ефес беше експресно одбиен и турскиот гигант крена раце од одличниот крилен кошаркар, Партизан јасно стави до знаење дека нема намера да го продаде големиот ас на директен евролигашки ривал, но белградските „црно-бели“ имаат голем проблем – откако тимови од НБА покажаа интерес да го вратат германскиот репрезентативец назад во најсилната лига во светот.
Неколку екипи веќе стапиле во контакт со агентот на Бонга, а Хјустон рокетс е првиот што официјално испратил понуда до Германецот. Доколку истата биде прифатена, „ракетите“ ќе преговараат со Партизан околу висината на отштетата која би изнесувала најмалку 1,5 милиони евра.
Бонга во текот на својата НБА-кариера има настапувано за ЛА Лејкерс, Вашингтон и Торонто, за во 2022 година да се врати во Европа и да потпише договор со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

