Анадолу Ефес не го заборава придонесот на Петар Наумоски во историјата на овој клуб, па на полувремето од вечерашниот меч од Евролигата со Емпорио Армани на свечена церемонија официјално беше повлечен дресот што нашиот поранешен репрезентативец го носеше за оваа екипа. „Седумката“ на актуелниот претседател на МКФ заминува во историјата, во салата во Истанбул гласно се скандираше „Петар Наумоски“, јасно ставајќи до знаење дека не се заборавени четирите домашни титули, но и единствениот европски трофеј во клупската историја, оној во Купот на Радивоје Корач во 1996 година.
Наумоски одржа и пригоден говор, при што со овации беше поздравен од присутните, пред и официјално неговиот дрес да биде кренат под покривот на арената каде ги имаше најблескавите моменти во својата кариера.
.@AnadoluEfesSK, düzenlenen törenle efsanevi oyuncu Petar Naumoski’nin 7 numaralı formasını emekli etti. pic.twitter.com/53CPCt8WtB
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) February 9, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА