Кошаркарите на ЦСКА славеа убедлива победа од 102-84 на свој терен против Анадолу Ефес во 14. коло од Евролигата.
Ефес добро се впушти низ натпреварот со предност, но ЦСКА презеде контрола во финишот на првата четвртина која, сепак, ја заврши со седум поени предност (31-24). Предноста на домашните во текот на вториот период стигна и до +11, но Ефес се врати на мечот со одлична завршница и по 20 минути игра беше само плус два во корист на ЦСКА (56-54).
Но, во вториот дел гостите немаа никакви шанси. Русите немилосрдно го полнеа турскиот тим кој едноставно мораше да се предаде.
Вил Клибурн ги предводеше домашните со ефект од 24 поени и 11 скока, а одличен беше и Нандо Де Коло со 21 поен, шест асистенции и пет скока.
На спротивната страна 24 поени запиша Родриго Бибоис, а Мотум запиша 16 поени за само 18 минути на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА