Ефес посрамотен од најслабиот тим во Евролигата

Анадолу Ефес има сезона за заборав во Евролигата, а дното беше допрено со вечерашниот домашен пораз од „фенерџијата“ Асвел (88-91), со што турскиот тим е единствениот сезонава со два порази на двата дуели со овој француски претставник.

Гостите од Франција водеа во текот на целиот натпревар на моменти и со двоцифрена предност, но Ефес успеа да се врати благодарение на одличните Ли и Хазер. Сепак, во клучните моменти далеку пофокусирани беа гостинските кошаркари, Хазер го промаши шутот за израмнување, по што Асвел заслужено се израдува на осмата евролигашка победа, сега само една помалку од претпоследниот Ефес.

Ангола беше предводник на Асвел со 26 поени, Ертел имаше 14 поени и 7 асистенции, Хазер беше прв стрелец на Ефес со 20 поени, додека Сејбан Ли реализираше 18 поени, 5 скока и четири асистенции.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...