Ефес повторно го растури Реал Мадрид

Анадолу Ефес е на чекор до пласман на фајналфор турнирот од Евролигата откако турскиот гигант и на вториот меч го растури Реал Мадрид, совладувајќи ги „кралевите“ со 91-68. Уште еднаш беше евидентно дека Реал нема квалитет за да го запре атомскиот напад на Ефес, со кој повторно беспрекорно диригираа Ларкин и Мициќ, за рутинска победа, но и најава дека Ефес е еден од најсериозните кандидати за европската круна сезонава.

Триумфот беше најавен со беспрекорната прва четвртина што турскиот првак ја доби со 22-13, по што Ефес се повеќе ја зголемуваше предноста. Реал, кој на овој меч настапи и без првиот стрелец Таварес, немаше сили да се врати, во второто полувреме разликата ја мина и границата од 20 поени, па Атаман и Ласо во финишот им дадоа одмор на клучните играчи пред третиот меч што ќе се игра во Мадрид.

Мициќ беше прв стрелец на Анадолу Ефес со 23 поени, два помалку постигна Шејн Ларкин, додека кај Реал најефикасен беше Треј Томпкинс со 17 поени.

Се вчитува...