Ефес се засили со НБА шампион

Турскиот евролигаш Ефес промовираше ново засилување за битките во новата сезона. Тоа е крилниот центар Џордан Нвора за кој настапот во „синиот“ дрес ќе биде прво интернационално искуство.

Нвора со себе носи неколкугодишно НБА искуство настапувајќи за Милвоки, Индијана и Торонто, а зад своето име има и шампионски прстен освоен со Бакс во 2021 година.

Се вчитува...