Анадолу Ефес по голема борба успеа да слави над Баерн Минхен со минимални 74-72, дуел што за жал го одбележа уште една повреда во таборот на турскиот кошаркарски гигант. Шејн Ларкин беше играчот што настрада вечерва, одличниот поентер пред крајот на првата четвртина ја загуби топката, некако успеа да ја спаси, но во тој маневар го повреди мускулот и беше изнесен од теренот, по што повеќе не се враќаше во игра.
Ефес од самиот почеток наметна силно темпо пред се благодарение на одличната одбрана, контролирајќи го водството, но Баерн не се предаде, во неколку ситуации успевајќи да се врати во мечот. Во драматичен финиш баварците се вратија од „минус осум“ на минус два“, имаа и напад за израмнување или победа… топката заврши кај Динвиди кој исто како и пред два дена со Барселона беше трагичар, промашувајќи го последниот шут.
Кординие со 26 и Шмитс со 15 поени беа двоцифрените кошаркари во победничкиот тим, додека кај Баерн најмногу се истакна Ајзеа Мајк со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

