Турските кошаркарски гиганти стигнаа до значајни победи на две кола до крајот на лигашкиот дел од Евролигата, како потврда за одличната форма во пресрет на плејофот.
Анадолу Ефес потешко од очекувањата триумфираше над Макаби со минимални 90-88, откако гостите од Израел дадоа огромен отпор на турскиот тим кој се наоѓа во одлична форма во последно време. Дуелот беше израмнет до десетина секунди до крајот, кога беше досудена лична грешка врз Шмитс, но летонскиот крилен центар иако не делуваше пресериозно повредено се пожали дека не може да ги шутира слободните фрлања. На негово место влезе Бобоа кој беше еднаш прецизен, Јокубаитис на спротивната страна ја загуби топката, по што Ларкин стави печат на победата.
Фенербахче славеше пред своите гледачи над Басконија (82-77), по што тимот на Јасикевичиус се израмни со Олимпијакос на делба на првото место на табелата.
Хејс Дејвис со 17 поени и 7 скокови беше најзаслужен и за оваа победа на Фенер, Вејд Болдвин реализираше 11 поени и 5 асистенции, додека кај Басконија најефикасен беше Рогкавопулос со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА