Стартот на сезоната на Анадолу Ефес се претвори во вистинска катастрофа откако најголемото летно засилување, суперѕвездата Мајк Џејмс заработи тешка повреда на последното гостување во Белград против Црвена Звезда.
Деталните прегледи утврдија кинење на тетивата и пауза од девет месеци, а управата на Ефес веднаш реагираше носејќи ново засилување на бековската позиција.
Екс-кошаркарот на Партизан, Камерон Пејн, ќе ја има одговорната задача да биде наследник на Мајк Џејмс во Ефес откако американскиот поентер денеска потпиша договор со турскиот гигант. Станува збор за кошаркар избран како 14. пик на НБА-драфтот во 2015 година кој има настапувано за седум различни тимови во најсилната лига на светот.
Тој потпиша за Партизан во декември 2025 година и одигра 10 средби за „црно-белите“ од Белград, во просек бележејќи по 12,4 поени, 3,9 асистенции и 1,2 украдени топки по натпревар, по што доби понуда за враќање во НБА што ја прифати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
