Во големото дерби во Франција, Кире Лазаров со Нант на домашен терен го победи Монпелје со 31-28, во натпреварот од 4.коло. Со максимални четири победи, Нант му се придруѓи на Шамбери на врвот на табелата.
Дуелот меѓу двете француски екипи што играа во финалето на Ф1 турнирот од Лигата на шампионите во Келн, овој пат во домашна пресметка, очекувано донесе изедначена игра и резултатска неизвесност во поголем дел. Првото полувреме заврши со гол предност за Монпелје (16-17). Лазаров донесе ново изедначување на стартот од второто полувреме со погодокот од седмерец за 17-17, а потоа Нант ја презеде иницијативата.
Во завршната четвртина, домашниот тим влезе со три гола гола предност по реализацијата на мекедонскиот капитен за 24-21. И на десет минути пред крај Нант повторно беше на + 3 (27-24), а потоа во финишот се одлепи на 30-27 и победникот веќе беше решен.
Лазаров го заврши натпреварот со седум погодоци. Најефикасен во составот на Нант беше Никола Клер со девет гола, а значаен придонес имаше и голманот Арно Сифер со 13 одбрани. Кај Монпелје, најефикасен беше Мелвин Ричардсон со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА