Русинката Јулија Ефимова го заврши Европското првенство во пливање во Глазгов со пет медали, од кои четири златни. Таа денеска триумфираше на 50 метри градно и го комплетираше апсолутниот успех на овој шампионат. Ефимова ги освои и титулите на 100 метри и на 200 метри градно и со штафетата на 4 x 100 метри мешано. Сребрен медал освои со мешаната руска штафета на 4 x 100 метри мешано.
И Швеѓанката Сара Сјостром има четири златни медали од првенството во Глазгов и тоа сите во индивидуални дисциплини. Последната ја освои денеска, на завршниот ден со победата на 50 метри пеперутка. Универзалната пливачка, претходно триумфираше и на 50 метри и на 100 метри слободно како и на 100 метри пеперутка.
Со три златни медали од Глазгов си заминува италијанската специјалистка за подолгите делници, Симона Квадарела. Таа на завршната сесија освои злато на 400 метри слободно, а претходно дојде и до титулите на 800 метри и на 1500 метри слободно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА