Повремениот македонски репрезентативен голман Андреја Ефремов ја заврши својата соработка со португалскиот второлигаш Фамаликао, сега во очекување на нов предизвик во својата кариера.
24-годишниот поранешен чувар на мрежата на Металург, Работнички и Ренова го заврши договорот со Португалците, откако тимот не успеа да се пласира во елитната лига.
„Договорот со клубот ми беше на една година, со можност за продолжување на уште две но само ако се пласираме во Првата лига на Португалија. Бидејќи не успеавме за тоа, јас се одлучив за завршување на соработката, па сега сум слободен играч“ – ни изјави Ефремов, кој во секој случај е задоволен од својот прв интернационален предизвик во кариерата.
„Презадоволен сум од клубот, од условите кои ми ги овозможи за развој, но сега сум пред нов предизвик во кариерата“ – вели Ефремов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА