Иако беше најавено дека поради краткиот рок за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб на напшиот национален тим ја искористи.
На местото на повредениот Ненад Димитријевиќ, рано изутрина заедно со останатите репрезентативци, отпатува кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски кој беше на списокот од 15 кошаркари, но заедно со Марко Миловановиќ и Филип Бакоч, отпадна на ден пред дуелот со Естонија. Тоа ќе биде нова можност 21. годишниот шутер да дебитира за сениорската репрезентација откако претходно ги помина речиси сите младински селекции на Македонија.
Натпреварот против Русија е закажан за 23 февруари во 16 часот по средноевропско време (20 часот по времето во Перм). Ненад Димитријевиќ нема да настапи на тој дуел поради повреда на задната ложа, на која се пожали уште пред почетокот на средбата со Естонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА