Ефремовски: Очекувам полна сала и добра атмосфера, подготвени сме да дадеме се од себе за победа

Тринаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни носи и супервозбудлив натпревар во „Младост“ каде Гостивар го пречекува МЗТ Скопје од 19 часот. Дуелите на „сино-белите“ тимови ретко кога разочаруваат, така беше и на отварањето на сезоната кога гостиварци славеа со минимални 79-80 сред Аеродром.

За „двојна победа“ против актуелниот шампион на гостиварци ќе им биде потребна помош од верната публика, а токму за тоа говореше и Виктор Ефремовски.

„Се надевам дека ќе биде интересен настан за гледачите. Овој натпревар заслужува полна сала и очекувам добра атмосфера на трибините. Подготвени сме да дадеме се од себе и да влеземе во победнички ритам“, изјави Ефремовски.

Се вчитува...