Ефремовски: Триумфот над Маџари ја крена самодовербата кај сите во Работнички

Виктор Ефремовски одигра историски меч откако репрезентативецот со 50 поени го предводеше Работниички до триумф над Маџари.

Сепак, одличниот шутер останува максимално скромен и фокусиран на „широката слика“ – да даде придонес Работнички да излезе од големата криза и да обезбеди опстанок во елитното друштво.

Шанса за нов чекор кон остварување на таа цел „центарци“ имаат на денешниот дуел со екипата на Феникс.

„Атмосферата во тимот е одлична. Со нетрпение ја очекувавме првата утакмица повторно во салата Градски парк-Лазар Лечиќ, бидејќи после пет години конечно се вративме дома. Сите знаеме дека Работнички има посебна врска со оваа сала и дека формата си е дома. Поддршката од навивачите беше одлична и ни даде дополнителна енергија да одиграме добар натпревар против Маџари. Знаеме дека КК Феникс 2010 е квалитетен противник и дека ќе биде тежок меч, но ако одиграме дисциплинирано и со истата енергија како на претходниот натпревар, мислам дека имаме шанси за нов триумф. Секој натпревар е важен и нормално е КК Работнички секогаш да оди на победа. Не би зборувал многу за фаворити – на теренот треба да се докаже. Нашата задача е да одиграме максимално ангажирано и ако го направиме тоа, верувам дека можеме да се вратиме со победа“, порачува Виктор Ефремовски..

Се вчитува...