Искусниот одбојкар Ефтим Ричлиев е избран за нов претседател на на ОК Струмица 47&72. Ричлиев, кој минатата сезона ја носеше капитенската лента и играше на позицијата техничар во шампионската екипа, го предводеше тимот кон 12-та шампионска титула во историјата на клубот.
Тој е долгогодишен член на македонската репрезентација и еден од најпрепознатливите играчи на струмичката одбојка. Тој истакна дека клубот обединува генерации успешни одбојкари и спортски работници и дека ќе се бори за понатамошен развој на струмичката и македонската одбојка.
„Овој клуб обединува многу генерации успешни одбојкари и спортски работници. Клубот не е ,,трговец поединец“ и не припаѓа никому. Клубот отсекогаш бил и ќе остане градски. Едно е сигурно – клубот ќе продолжи понатаму и ќе се бори за успех на струмичката и македонската одбојка. Успесите и остварените резултати на клубот секогаш биле и ќе бидат успех на градот и заслуга на сите, никогаш на „поединци“, изјави Ричлиев за дрнка.мк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

