Фудбалерите на Египет се последните полуфиналисти на годинашното издание на Африканскиот куп на нации кое што се игра во Мароко, откако вечерва славеа над репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со 3-2.
Водство од 1-0 за „фараоните“ донесе Мармуш уште во 4. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Рабија во 32. минута. До крајот на првиот дел БСК успеа да намали на 2-1 со автоголот на Фату. Мохамед Салах во 52. минута повторно донесе два гола предност за Египет (3-1), а до крајот слоновите само го ублажија поразот (3-2) преку Дуе во 73. минута.
Egypt (3)-1 Ivory Coast – Mohamed Salah 52'
byu/977x insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

