Египет го доби пенал рулетот против Камерун за финале на Африканскиот куп

Египет се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации откако славеше во полуфиналниот натпревар против Камерун по изведбата на пенали. Регуларниот дел од натпреварот не донесе погодоци во мрежата на голманите Онана и Габаски, а така беше и по продолжението.

Во пенал рулетот Абукар и Зизо беа прецизни во првата рунда, а Камерун потфрли во продолжението. Мукунди и Леа промашија во следните два обида, а Абделмонем и Ласхен реализираа за Египет за предност од 3-1. Последната шанса за спас му припадна на Н’јие, но и тој не успеа да го совлада Габаски.

Во финалето од натпреварувањето Египет за трофејот ќе се бори против Сенегал кој славеше над Буркина Фасо со 3-1 во вчерашниот полуфинален натпревар.

Се вчитува...