Хрватската ракометна репрезентација го одигра веројатно најлошиот натпревар во својата понова историја на големите натпреварувања откако во премиерното коло од групата Г беше декласирана од Египет со 31-22.
Египјаните и без својата прва ѕвезда Јахија Омер беа несопирливи за катастрофалните Хрвати кои и тоа како потфрлија. Египет го контролираше натпреварот уште од самиот почеток и на крајот стигна до сигурен триумф од 31-22. Рамадан со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените пет постигна Шипиќ.
Србија ја оправда фаворитската улога против Алжир совладувајќи го со 36-27, додека актуелниот шампион Данска беше сигурен против Белгија со 43-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА