Египет ја совлада Словенија, Бразил ја шокираше Шведска

Ракометарите на Египет направија голем чекор кон нокаут фазата на Светското првенство кое што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка откако денеска во 2. коло од главната фаза славеа над репрезентацијата на Словенија со 26-25.

Во првото полувреме двата тима погодуваа буквално од секоја позиција па на пауза Египќаните заминаа со позитива од два гола 16-14. Во вториот дел и двата тима заиграа далеку подобро во одбраната, но Египет успеа да ја задржи предноста и да триумфира со 26-25. Eл Дера со шест гола беше прво име кај победникот, кај поразените Блаж Јанц постигна осум гола.

Бразил приреди вистинска сензација во групата 3 откако славеше над Шведска со 27-24 и со тоа избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Со поразот на Шпанија од Португалија, Бразилците имаат подобар меѓусебен дуел и од Шведкс и од Норвешка и со  тоа пред последното коло го обездбедија пласманот меѓу осумте најдобри на шампионатот.

 

Се вчитува...