Египет поради тероризмот останува без Мундобаскетот

По терористичките напади минатата недела, Египет може да остане без организацијата на Мундобаскетот за играчи до 19 години.

По нападите, неколку земји испратија писмо до ФИБА дека нема да ги испратат своите тимови на Светското првенство, ако не се промени локацијата.

Според пишувањето на американскиот новинар, Адам Загори, Меѓународната кошаркарска федерација сериозно ја разгледува опцијата младинското СП што треба да се одржи од 1 до 9 јули, да се премести во друга земја.

fiba

Се вчитува...