Ракометната репрезентација на Египет стигна до првата победа на олимпискиот машки турнир во Париз, откако денеска во воведното коло од групата Б славеше над Унгарија во крајно интересен натпревар со 32-35.
Египќаните феноменално го отворија натпреварот и многу брзо стигнаа до огромни плус седум 8-15. До крајот на првиот дел успеаја да ја задржат предноста и на пауза да заминат со позитива од четири гола 15-19.
Во вториот дел Унгарија заигра далеку подобро и на две минути до крајот успеа да стигне на само минус еден 32-33. Сепак, Египет успеа да ја задржи предноста и да слави со 32-35. Јахија Омар и Ахмед Адел со по девет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Бенце Имре постигна седум гола.
На овој меч на центарот беше македонската судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА