Eгипет славеше над Зеленортска Република и обезбеди пласман во топ 8 на СП

Ракометарите на Египет се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка откако вечерва во последниот меч од главната фаза на турнирот славеше над Зеленортска Република со 24-31.

Египќаните имаа голем проблем разиграниот противник во првото полувреме кое го добија со само еден гол разлика 14-13. Сепак, поискусната репрезентација успеа да го сруши отпорот на противникот во вториот дел и на крајот да слави со 24-31. Јахија Омар со 11 гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Пина постигна шест гола.

Во последниот меч од оваа група Хрватска вечер со Словенија ќе мора да победи за пласман во четвртфиналето, а доколку Словенците слават друштво во нокаут фазата на Египет ќе му прави Исланд.

Во натпревар без резултатско значење Бразил славеше над Шпанија со 26-25. Хакбарт постигна шест гола кај Бразил, додека Кликуза Јеличиќ заврши со пет кај Шпанија. Од оваа група изненадувачки во четвртфиналето ќе играат Португалија и Бразил.

Се вчитува...