Домаќинот на Светското првенство Египет без поголеми проблеми ја совлада Русија со 28-23 во натпревар од првото коло во главната фаза. Египќаните уште во првото полувреме ја направија клучната разлика и на пауза заминаа со предност од плус седум (8-15). Во вториот дел само рутински го приведоа натпреварот до крајот за нова победа. Шебиб со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Русите со истиот број мечот го заврши Косоротов.
Франција во финишот се извлече против одличниот Алжир совладувајќи го со 29-26. Алжирците одиграа одличен натпревар во кој до самиот крај беа во егал со големиот фаворит, кој само поради поголемото искуство успеа да стигне до нова победа на шампионатот.
Претходно денеска, Македонија загуби од Словенија со 21-31, додека Швајцарија беше подобра од Исланд со 20-18.
Во последните два натпревари од денешната програма на Светското првенство во Египет од 20:30 часот се среќаваат Норвешка – Португалија и Шведска – Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА