Египетска мечувалка победи во борба во седми месец бременост

Египетската претставничка во мечување, Нада Хафез,  постигна извонреден подвиг на Олимписките игри во Париз.

Во нејзиниот трет настап на најголемиот спортски настан во светот, таа ја победи светската мечувалка број десет Елизабет Тартаковски од САД со 15-13, пред да загуби со 15-7 од Јужнокорејката Јеон Хјеунг во осминафиналето во Париз.

Сепак, поважно од тоа е фактот што Хафез во седмиот месец од бременоста се натпреваруваше против најдобрите мечувалки во светот и испиша уште една прекрасна приказна на Летните олимписки игри.

Се вчитува...