Владимир Егоров донесе бронзен медал на Македонија на Медитеранските игри што се одржуваат во Алжир откако нашиот репрезентативец Владимир Егоров успеа да триумфира на денешниот репасаж.
Тој за ривал го имаше домашниот борац Хербаче, чиј отпор беше скршен во завршницата за убедлива победа од 7-2. Егоров имаше почетно водство од 1-0, но Хербаче со еден потег дојде до два поени и поведе со 1-2. Сепак, тоа беше само мотив повеќе за нашиот борач да блесне во самата завршница, освојувајќи шест бода за помалку од две минути и да стигне до бронзата.
Овој медал е најава за вечерашното финале на Магомедгаџи Нуров, кој против Турчинот Ататурк ќе се бори да донесе прво злато за Македонија на овие Медитерански игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА