Македонскиот борач Владимир Егоров не успеа да стигне до медал на на Светското првенство во борење кое се одржува во Хрватска.
По доминантна победа во репесажот Егоров во борбата против Саундерс од Канада со 10-0 во утринската сесија, си обезбеди борба за пласман од трето до пето место, но загуби од Узбекистанецот Гуломјон Абдулаев со 3-1 на поени.
Со тоа Македонецот заврши на високото петто место на собирот на најдобрите светски борачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

