Македонските борачи Владимир Егоров и Могамедгаџи Нуров не изборија норма за настап на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во главниот град на Франција оваа година.
На Светскиот олимписки квалификациски турнир во борење во Истанбул, Турција, Егоров и Нуров имаа шанса преку репасаж да стигнат до борбата за трето место која обезбедува олимписка норма за Игрите во Париз, но претрпеа порази во нив.
Владимир Егоров славеше над Педро Родригез од Венецуела со 6-2, ги доби и мечот против Томас Еп од Швајцарија со 8-0, но загуби од Американецот Спенсер Ричард Ли со 2-12. Во репасажот подобар од Македонецот беше Кинезот Ванхао Зоу кој славеше со 0-7.
Магомедгаџи Нуров пак по победата над Индиецот Дипак Дипак со 5-1, ремизираше со 1-1 против Германецот Ерик Свен Тиле, а во репасажот беше поразен со 2-3 од Магомед Ибрагимов од Узбекистан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА