На престижниот Меѓународен турнир во борење слободен стил за мажи „Дан Колов и Никола Петров“, кој се одржува во Пловдив, македонскиот олимпиец Владимир Егоров го освои златниот медал.
Егоров доминираше, заслужено освојувајќи го златниот медал во категоријата до 61 килограм, демонстрирајќи врвна техника, борбеност и самодоверба на секој меч.
На патот до златото, Егоров беше доминантен во сите борби. Во првата борба, со убедливи 11-0 го совлада противникот од Бугарија, во следното коло го победи Камил Керимов од Украина, а во финалето со сигурни 4-0 го совлада Украинецот Никита Абрамов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

