Македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимписките Игри во Париз, по убедливиот пораз на денешната борба со Индиецот Амар Шерават.
Борбата мина во целосна доминација на Шерават, кој славеше со преубедливи 10-0, ставајќи крај на надежите дека Егоров би можел да стигне до позначаен резултат на овие Олимписки Игри.
Останува да се надеваме дека во подобро светло од 12 часот ќе се претстави нашата таекдондистка Милјана Рељиќ која ќе дебитира на ОИ против Британката Џејд Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА