Македонскиот борач Владимир Егоров ќе се бори во репасаж преку кој ќе се обиде да дојде до битка за бронзен медал на Светското првенство во борење (слободен стил) кое се одржува во Загреб, Хрватска.
Егоров, во категоријата до 57 килограми, денеска забележа две победи, најпрво службена победа над Аман Аман од Индија, а потоа во осминафиналето го победи и Иранецот Аолбехадилаборс со убедливи 10-0. Во четвртфиналето загуби од Киргистанецот Бекзат Улу, кој славеше со 16-5, но ќе оди во репасаж откако Киргистанецотс се пласираше потоа во финалето во оваа категорија.
Од останатите македонски борачи Шапиев до 74 килограми загуби од Кар од САД, Митров во категоријата до 79 килограми беше поразен од Кореецот Сео, додека Хајдари во првата рунда беше поразен од Хидлеј од САД.
Утре Нуров во категоријата до 97 килограми во првото коло ќе се бори со Рандава од Канада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

