Егзодус во Амстердам: Ајакс на лето го напуштаат девет фудбалери

Холандскиот тим Ајакс на лето ќе прави ремонт во играчкиот кадар, откако девет играчи ќе го напуштат Амстердам после неуспешната сезона во која тимот е далеку од битката за титулата, а еден период беше и во опасната зона.

Деветте играчи се донесени од тогашниот директор Свен Мислинтат, кој донесе вкупно 13 засилувања, но не ги оправдаа очекувањата.

На листата се Јосип Шутало, Борна Соса, Јаков Медиќ, Георги Микаутадзе, Карлос Форбс, Гастон Авила, Чуба Акпом, Бенјамин Тахировиќ и Антон Гаи, а од новите играчи на трансфер листа не одат смо Сиверт Мансвер, Диант Рама и Бранко ван ден Бумен.

Ајакс пред почетокот на минатата сезона остана без услугите на своите тројца клучни играчи: Тадиќ, Класен и Кудус. Моментално клубот е на петтото место, со дури 30 бодови помалку од ривалот ПСВ.

Се вчитува...