„Егзодус“ во Ѓорче Петров: Македонија ЃП остана без Стевковски, Манев, Мишевски, Стоилов…

После испаѓањето од прволигашката конкуренција, Македонија ЃП остана без пола тим. Поточно седуммина играчи го напуштија тимот досега, а најава за заминување има уште на неколку играчи.

Јасно е дека странските играчи Џонатан Балотели, Адама Самке, Жилберто и Павишиќ не се повеќе дел од Македонија ЃП, а од клубот сега заминаа и голманот Христијан Стевковски, стоперите Коста Манев, Филип Мишевски, потоа играчот од средниот ред Ѓорѓи Стоилов, како и напаѓачот Самир Фазли. Од екипата заминаа и вориот голкман Стефан Јакимовски, а Бојан Илиевски се пресели во Струга ТЛ.

Цел еден тим, или 11 играчи досега го напуштија второлигашот од Ѓорче петров. Екипата ќе има сосема нов изглед во битката за експресно враќање во Првата лига.

Се вчитува...