Ралф Рангник ќе се покае за превземањето на Манчестер Јунајтед бидејќи наиде на „брод кој тоне“. Имено, како што пренесуваат англиските медиуми дури 17 фудбалери на тимот не се задоволни во клубот и сакаат што поскоро да ја напуштат средината.
Листата ја предводат Пол Погба и Едисон Кавани, а на истата се дополнети уште: Џеси Лингард, Дин Хендерсон, Дони ван де Бек, Ерик Баили, Антони Марсијал, Немања Матиќ, Фред, Диого Далот, Хуан Мата, Фил Џоунс и Аксел Туанзебе, како и други четири играчи кои не се именувани.
Најголемиот дел од нив се под повеќегодишен договор со клубот и нема да заминат под нивни услови, но на неколку фудбалери како Погба, Лингард, Мата и Кавани договорите им истекуваат ова лето и ниеден од нив не се очекува да ја продолжи соработката со манчестерскиот клуб.
Германскиот стратег во „црвените ѓаволи“ дојде како решение за спас на сезоната, но не успеа да доведе ред во соблекувалната. Ангелиските медиуми „заслуги“ за тоа му препишуваат и на Кристијано Роналдо, како најголемиот виновник за егзодусот кој се случува.
Останува да видиме дали работите ќе се променат во иднина со оглед на тоа што последните најави за клубот велат дека сегашниот директор на клубот, Ед Вудард заминува на крајот на јануари.
Official. Manchester United confirm that Ed Woodward will leave the club at the end of January. 🔴 #MUFC
“Richard Arnold will become United CEO effective from 1 February”, statement announces. pic.twitter.com/1rNjxbSJSD
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

