Продолжуваат проблемите за српската ракометна репрезентација пред почетокот на Европското првенство во Унгараја и Словачка. Откако вчера шест члена на тимот беа позитивни, на последните тестирања уште четворица ракометари добиле позитивен наод на Ковид-19.
Денешните позитивни случаи се Илија Абутовиќ, Стеван Сретеновиќ, Драган Пешмалбек и Немања Зеленовиќ. Сите заразени членови се во добра состојба и се наоѓаат во изолација.
За потсетување ден порано позитивни наоди добија Владимир Цупара и Богдан Радивојевиќ, како и селекторот Тони Џерона, тренерот на голманите Димитрије Пејановиќ, физиотерапевтот Петар Радуловиќ и шефот на делегацијата Милорад Кривокапиќ.
Голем проблем е ова за Србија бидејќи нема да може да сметаат на сите овие во првата фаза од шампионатот бидејќи сите позитивни нема да можат 14 дена по добивањето на тестот да влезат во Унгарија.
Србија се наоѓа во групата Ц која ќе се игра во Сегедин, а во која ќе се сретнат со Франција, Хрватска и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА