Егзодус во Србија: Уште тројца фудбалери му откажаа на Пикси

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ се соочува со нови проблеми при составувањето на тимот пресрет натпреварите од Лигата на нации.

По Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, заедно со многуте претходни оставки, уште тројца „орли“ му порачаа на Пикси дека нема да му бидат достапни. Таму поради повреди ќе ги нема ниту Милош Вељковиќ, Немања Максимовиќ и Алекса Терзиќ.

Вељковиќ минатиот викенд не играше во Бундеслигата за Вердер, исто како што Максимовиќ не играше за Панатинаикос во грчкото првенство. Терзиќ веќе извесно време е повреден и попладнево не се појави на тренингот во Стара Пазова.

Србија во четврток ќе игра против Шпанија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а в недела ќе и гостува на Данска во Копенхаген.

Се вчитува...