Воска Спорт се реши да направи длабок „рез“ во екипата после поразот во баражот за пласман во Првата лига од Тиквеш. Така тимот од Охрид им се заблагодари на десет играчи кои нема да бидат дел од тимот за следната сезона.
Дресот на Воска Спорт во иднина нема да го носат Емир Алиу, Христијан Грозданоски, Михајло Јакимоски, Ристе Илијоски, Алтин Лога, Арменд Алими, Богдан Велиновски, Дарко Размоски, Горан Трајковски и Игор Паноски.
Претходно од тимот си замина и тренерот Раде Цицмиловиќ, а на негово место беше доведен Берат Имери. Во Воска идната сезона ќе остане искусниот Изаир Емини. Во следниот период Воска ќе доведе и неколку нови имиња, со цел повторно да се обиде да дојде до „елитата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА