Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи e пред трансфер во албанскиот прволигаш Тирана, пренесуваат дел од медиумите од нашиот западен сосед.
Според последните најави, веќе има договор меѓу двете страни. Бејтулаи се носи како големо засилувањ за Тирана која ова лето ќе се обиде да се избори со место во групната фаза од европските натпреварувања.
Бејтулаи најславните свои фудбалски денови ги мина во Шкендија, иако имаше претходно еден интернационален излет во редовите на шведски Хелсинборг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА