Искусниот стопер Егзон Белица се врати назад во Работнички, после само шест месеци минати во Шкендија. 35-годишниот стопер сезонава одигра само пет меча во ПМФЛ, и ниту една во Лигата на Конференции.
Белица е со огромно искуство со настапи во земјава и во странство. Покрај Работнички, играше и за Охрид и Беса, а беше во странство, во Интер Турку од Финска, во Рига Летонија, Партизани Тирана Албанија, Приштина Косово.
Белица беше во Работнички во два „мандати“. Најпрво од 2010 до 2011 година, а потоа и во 2023 година кога од Приштина се пресели во овој клуб, а во септември 2025 година беше одново ангажиран во Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

