Егзум ќе му прави друштво на Дончиќ во Далас

Досегашниот кошаркар на Партизан, Данте Егзум се врати во НБА лигата, каде следната сезона ќе биде дел од Далас Маверикс.

По катастрофалната сезона во која не успеа да обезбеди плеј-оф, тимот од Тексас создава тим кој треба да биде еден од првите фаворити во Западната конференција.

По продолжувањето на договорот со Кајри Ирвинг, „телињата“ сега го потпишаа Данте Егзум кој по кратката авантура во Европа се враќа во Соединетите Американски Држави.

Aвстралиецот минатите две сезони ги помина во Партизан и Барселона, а претходно беше дел и од Јута Џез и Кливленд Квалирс.

Се вчитува...